Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари годинава изнесува 29.839 денари што е зголемување за 6,8 отсто во споредба со истиот месец од минатата година. Но просечната плата за февруари е помала од таа за јануари, кога изнесувала 29.980 денари.
Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 7,5 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 5,9 и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,3 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто плата по вработен, во февруари 2022 година, пак, изнесува 44.531 денар и е повисока за 6,8 отсто во споредба со февруари 2021 година.
Радио Слободна Европа