Халили за Алфа: Во Македонија ако некој сака може да основа и клуб наречен „Адолф Хитлер“!?

Нема сила во Македонија што може да го спречи отварањето на контроверзниот Бугарскиот клуб кој го носи името на фашистичкиот соработник „Цар Борис III“ во Охрид. Надлежните институции се вадат на законските недоречености и засега немаат идеа како да го реши проблемот, додека Бугарите во охрид одборјуваат ситно до сечењето на црвената лента закажано за в петок. Поранешниот амбасадор, Мухамед Халили, за Алфа коментира дека овој проблем единствено и најбрзо може да се реши со нов закон за основање и именување на невладини организации и здруженија.

„Ние немаме ниту идеа како да го надминеме овој проблем затоа што се повикуваме на основање на неформални асоцијации или групи кои ќе оценуваат дали таквото име е во согласност со законите и Уставот за да се именуваат здруженија. Секоја група формална или неформална ако нема поткрепа во законот, идеите и решенија што ќе ги нуди таа група се незаконски и не смеат да се применуваат“ – коментира Халили за Алфа.

Во медиумите се појавија и изјава од синот на цар Борис трети кој дал согласност здружението во Македонија да го носи името на неговиот татков. Од август, обвинителството во Охрид истражува дали има некакви пропусти во однос на регистрацијата на бугарскиот клуб.

Во бугарскиот клуб во петок ќе биде официјално пресечена и црвената лента, на само 4 дена пред големиот македонски државен празник на народното востание.

Текстот во целост на: Алфа

фото: Алфа