Попладнево, заедно со претседателот Hristijan Mickoski, ми беше чест традиционално да присуствувам на испраќањето на Илинденската коњаница од Горно Лисиче, во пресрет на државниот празник Илинден – симбол на македонскиот непокор, борбата за слобода и државност.
Благодарам за поканата. Секогаш со особено задоволство присуствувам на овој настан, чија цел е зачувување на традицијата, културата, македонските вредности и љубовта кон татковината.


