Нов тест од крв што може порано да го открие враќањето на ракот

📢 НОВ ТЕСТ ОД КРВ ШТО МОЖЕ ПОРАНО ДА ГО ОТКРИЕ ВРАЌАЊЕТО НА РАКОТ

❓Може ли едноставен тест од крв да покаже дали ракот се враќа уште пред да се види на скен?

Денес на Универзитетската клиника за урологија беше презентирана новата метода ctDNA (циркулирачка туморска ДНК) – современ пристап кој овозможува откривање на микроскопски траги од тумор во крвта, дури и кога компјутеризираната томографија и магнетната резонанца не покажуваат промени.

Особено значајни резултати се покажуваат кај пациентите со карцином на мочниот меур, каде што раното откривање на ризикот од рецидив може да придонесе за подобар исход од лекувањето.

⚠️ Тестот не поставува дијагноза сам по себе, но претставува важна алатка за попрецизно и персонализирано следење на пациентите.

✨ Иднината на онкологијата е во персонализираната медицина – вистински третман за вистинскиот пациент во вистинско време.