Поларна светлина над Германија

Во делови од Германија, условите моментално се добри за гледање на поларната светлина. Горната фотографија е од саботата вечер, а се гледа небото над покраината Бранденбург. Спектаклот се очекува да се повтори и во ноќта кон понеделникот. Долната фотографија е од почетокот на септември и е снимена над Северното море, на крајниот север на Германија.