Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во писмото со честитки по повод празникот Велигден, на д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх во Северна Македонија и на сите верници на католичката црква во нашата земја, во негово и во име на Владата на Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник – Велигден.
Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме текстот на честитката по повод католички Велигден во целост:
„Почитуван г. Стојанов,
Во мое лично име и во име на Владата на Република Северна Македонија, дозволете ми на Вас, како и на сите христијани на Католичката црква, да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден.
Со пораката за воскреснувањето – „Христос воскресна! Навистина воскресна!“ – ја славиме и надежта за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда.
Со празникот Велигден, ја славиме и победата над сите човечки ситуации на предизвици и искушенија низ кои поминуваме денес за да излеземе после сите искушенија посилни и подобри.
Нека е за многу години празникот на Воскресението Христово.
Со радоста на овој, и на сите идни Велигден да ја негуваме силата за изградба на едно општество за сите, за мирољубива заедница во која се почитуваат верските слободи на сите нејзини граѓани.
„Христос воскресна! Навистина воскресна!“
Нека е за многу години празникот Велигден за сите верници од Католичката црква!“