Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините од карпа на Шарпланина во реонот кај Титив Врв. Од страна на раководителот на РЦУК Тетово сме известени дека комаднирот од Специјалната единица на МВР кој во текот на спасувачката акција се здоби со тешки телесни повреди е извлечен од местото на настанот и моментално со возило е упатен Клиничкиот центар. Второто пронајдено лице е починато и истото сеуште се наоѓа на местото на настанот. За истото да биде пренесено ќе треба претходно да се извршат соодветни процедури, велат од ЦУК.
извор: ЦУК