Панчо и Андреј дел од средствата од концертот ќе ги наменат за хуманитарни цели

Долгонајавуваниот 20 годишен јубилеен концерт кој ќе се случи на 3 декември од страна на „ДНК“ ќе има и хуманитарен карактер. Имено, како што најавија на својот ФБ профил Панчо и Андреј дел од средствата ќе ги дадат во хуманитарни цели.
-Пред се, сакаме да ви се заблагодариме за континуираната поддршка која ни ја давате во текот на сите овие 20 години, а посебно последниве месеци откако го најавивме јубилејот и прославата која ќе се одржи следната сабота (3.12) во арената “Борис Трајковски”.
Бидејќи осеќаме општествена и морална одговорност, сакаме да ве информираме дека дел од средствата од продадените билети ќе бидат наменети за хуманитарни цели и доделени на фондацијата “Марко Божиновски” во која сме членови и воедно големи поддржувачи на истата. Веруваме во нивната цел и добрина која ја прават за младите спортисти, но и за оние ранливи категории на луѓе и семејства на кои им се потребни финансиски средства. Тоа е најмалку што може да направиме за родителите на прерано починатиот младински ракометен репрезентативец Марко, на кои им симнуваме капа на нивната добрина и храброст. Едноставно им се восхитуваме. 🙏
Со секоја купена влезница донирате и вие. 3.12, сабота дојдете да го славиме животот и македонската музика бидејќи не знаеме што ни носи наредниот ден, стои во нивната објава на ФБ.