Српскиот претседател и врховен командант Александар Вучиќ се обрати до нацијата по седницата на Советот за национална безбедност.
Претседател на Србија во обраќањето по Советот за национална безбедност истакна дека она што се најавуваше вчера и претходните денови и недели се случува токму сега.
„Прво од тој меѓународен аспект, во кој имате директни фалсификати, голи лаги за состојбите на терен. На терен имаме тешка борба на еден народ за опстанок на неговите огништа“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека „Косовската полиција“ нема право да биде на северот на Косово и Метохија, туку тоа мора да биде Дирекцијата Север.
„Денеска тие извршија упад со специјални единици. Меѓународната заедница се прави дека тоа не го виделе“, рече тој. Како што наведе, станува збор за „завршување на српскиот проблем на Косово и Метохија“ и обвини дел од меѓународната заедница за учество во него.
„Станува збор за обид да се стави крај на српскиот проблем на Косово, во кој учествуваат Курти, властите во Приштина и добар дел од меѓународната заедница. Господинот Пантиќ е најдобар пример. Видео-надзорот потврди дека тој не направил ништо пред своите куќа, потоа рекоа дека тоа го направил во Лепосавиќ, а тоа било пред една година. Човекот има срцеви пробеми, тој неодамна бил опериран, а неговото семејство не било информирано ниту каде се наоѓа, ниту како е“.
„За нас е важно да ги повикаме и Албанците и Србите да го зачуваат мирот“, речеВучиќ.
Претседателот на Србија рече дека за него ова е најтешкиот ден откако е претседател или премиер и дека ни претстои најтешка ноќ.
фото: Архива