Нема плата за јануари за вработените во Регионалниот центар ,,Ванчо Питошески” Охрид. Уште полошо е тоа што немаат ниту здравствено осигурување.
Претходно декемвриската плата ја зедоа дури на 3 февруари.
Вработените кои се обратија до редакцијата на ОХРИД 24, велат дека поголем проблем е немањето на здравствено осигурување.
Тие додаваат дека досега вакво нешто никогаш не се случило, па прашуваат во што е проблемот.
Тука треба да се напомене и фактот што речиси две години трае и реконструкцијата на училиштето и ученичкиот дом. Поради тоа учениците цела година не се во домот.
Според информациите на ОХРИД 24 реконструкцијата е забавена бидејќи немало пари.
извор: ОХРИД 24