ВРЕМЕПЛОВ- Настани на денешен ден, 15 февруари

0
157

1889 Основано Министерството за земјоделство на САД (USDA) како наследник на Земјоделското одделение.

1922 Во Хаг се одржа првата седница на Меѓународниот суд основан во 1920 од страна на Друштвото на народите.

1942 Втора светска војна: Јапонските војници го зазедоа Сингапур и заробија 85.000 британски војници.

1944 Втора светска војна: Средновековниот манастир Монте Касино во Италија, претворен во упориште на германските сили, е бомбардиран од страна на сојузничкото воздухопловство.

1990 Лондон и Буенос Аирес ги обновија дипломатските односи, прекинати во 1982 година, кога Аргентина не успеа да и ги одземе на Велика Британија Фолкландските Острови во Атланскиот Океан.

1993 Словачкиот парламент го избра Михал Ковач за прв претседател на на државата по распадот на Чехословачка.

1994 Министерот за надворешни работи на Австралија, сенаторот Герет Еванс, соопшти дека Австралија ја призна Република Македонија.

1995 Во Мала Речица е основан Тетовскиот парауниверзитет.

 

Од Википедија — слободната енциклопедија