АЛАРМАНТНО!!! Дојранското езеро пред пропаст – велат од „Спас за Гевгелија“

Владата на Македонија на својата 132 седница одржана на 28.02.2023 година донела одлука за доделување на Концесија за детални геолошки истражувања за злато и бакар на локалитетот Башибос-Бајрамбос во општина Дојран, на компанијата СУРСКОР дооел Скопје. Оснивач на оваа компанија е компанијата ПРГ од Малта, која покрај Македонија има регистрирано уште една компанија која има намера да се бави со рударство во Руанда, Африка, се вели во објавата на ФБ Спас за Гевгелија.

Во објавата се додава:

Локалитетот Башибос-Бајрамбос е одалечен само 3700 метри од Дојранско езеро. Отварање на рудник за бакар и злато на овој локалитет значи комплетно уништување на Дојранското езеро, иселување на илјадници жители од општина Дојран, уништување на викенд куќи на најмалку 10.000 граѓани, односно претварње во пустина на едно од најголемите природни богатства на Македонија.
Оваа одлука представува флагрантно и безобразно кршење на Македонскиот Устав и закони.
Граѓаните на општина Дојран, на РЕФЕРЕНДУМОТ одржан на 23ти Јули 2017 година се изјаснија дека во општина Дојран неможе да се отвараат рудници за металични минерални суровини. Оваа е највиоката форма на граѓанско одлучување и оваа одлука неможе никој да ја проемни или оспори, освен граѓаните на повторен рефрендум.
Согласно македонските закони оваа одлука е донесена со:
Позитивно мислење од градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов
и постапка спроведена и одобрена од:
Потпретседателот на Влада, Фатмир Бетиќи
Министерот за економија, Крешник Бектеши
Министерот за животна средина, Насер Нуредини
Сите овие функционери треба да одговараат за тешки повреди на службената положба, а доколку обвинителството обезбеди докази и за можно сторено дело на злосторничко здружување заради нанесување штета на човековата околина и здравјето и животот на граѓаните, односно геноцид врз сопствениот народ.
Дали оваа одлука на Владата е доказ дека политичарите во Македонија се најголемиот непријател и најголемата опасност за опстанокот на Македонија и на Македонскиот народ?
Граѓаните од југоситокот нема да дозволат за нивната судбина да одлучуваат политичари кои ниту живеат, ниту се родени во овој регион.
Граѓаните на југоистокот на македонските политичари им порачуваат:
Веднаш стопирајте го оваа надлудничаво играње со судбината на народот и поништете ја незаконската одлука за доделување на концесија на СУРСКОР. Во спротивно ќе има бунт.
СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ!!! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!

извор:ФБ Спас за Гевгелија