Првите братучеди Мајкл Ли и Анџела Паенг од Јута, САД, ја споделиле својата приказна за нивната забранета љубов во една реално шоу. Двојката, која сега има дете, открила дека отсекогаш биле блиски како деца, како и дека таткото на Анџела и мајката на Мајкл биле брат и сестра.
Тие биле принудени да се разделат откако родителите ги фатиле како се бакнуваат во гардеробер. Мајкл раскажал за Extreme Love за моментот кога биле средношколци и кога тој и Анџела полека танцувале заедно во гардероберот и биле уловени како се бакнуваат.
Кога нивните родители сфатиле што планираат, одлучиле да ги држат разделени братучедите некое време.
View this post on Instagram
Тие продолжиле понатаму со животот, дури и се венчале со други луѓе, но се развеле. Потоа, еден семеен собир ги зближил уште повеќе од претходно.
И покрај тоа што се немале видено со години, и понатаму чувствувале искра еден за друг и одлучиле да продолжат таму каде што застанале. По зближувањето, двојката одлучила да му ја каже вистината на семејството и смислила прилично неконвенционален начин за да го направи тоа. За да му ја соопштат веста на семејството, Анџела и Мајкл одлучиле да објават графичка фотографија од нивен бакнеж на нивната семејна фејсбук-страница.
„Но се чинеше дека таа духовита најава не го освои семејството. Беа шокирани и ужаснати“, објаснил Мајкл.
ubavinaizdravje.mk