Најмалку 12 лица загинаа, а 31 е повредено, од кои тројца потешко, во верижен судар во јужната турска провинција Хатај, соопштија властите.
Несреќата се случила во саботата вечерта кога камион, откако возачот изгубил контрола, се судрил со друг камион, а потоа удрил во девет автомобили и два минибуса паркирани покрај патот, по што избувнал пожар, јавува турската државна телевизија ТРТ.
Министерот за здравство Фахретин Коча изјави дека на местото на несреќата во Топбогазли се испратени 22 амбулантни возила.
Хатај е една од турските провинции која беше тешко погодена од катастрофалните земјотреси на 6 февруари, во кои загинаа повеќе од 50.000 луѓе во Турција и Сирија.