Али Ахмети има изјавено: ,,Младите што бегаат од државата не се патриоти’’!
ДЕМОКРАТИ се крајно револтирани од безобразната, нехумана и крајно навредлива изјавата на претседателот на ДУИ Али Ахмети ,,дека младите што бегаат од земјата не се патриоти’’, се вели во објавата на ФБ од Демократи.
Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:
За жал Али со неговата партија, а исто со помош на СДСМ и ДПМНЕ и нивните полтронски приврзоци со децении креираа криминален политички систем и ја уништуваа економијата, образованието, здравството, инфраструктурата, животната средина, културата, спортот во нивна корист, а на штета на младите и Македонија.
Креираа криминални политички вработувања во јавната администрација за нивните членови-полтрони и лепачи на плакати!
Креираат криминални политички елити кој се богатат и живеат раскошен расипнички живот на сметка на осиромашување на народот!
Младите се многу паметни и не сакаат да живеат во окупирана држава од домашни политички криминални елити и предавници!
Младите не сакат мизерни политички вработувања!
Младите не сакаат да ви бидат модерни робови и полтронски политички послушници!
Младите не сакаат да живеат во криминален политички систем каде политички манипуланти, профитери, криминалци и психопати се богатат на сметка на осиромашување на народот и државата!
Младите се паметни и сакаат да живеат во демократска држава каде владее правото и каде има демократски политички систем.
Младите сакаат да им се цени знаењето и трудот и единствен услов за вработување да биде квалитетот и стручноста, а не партиската книшка и политичката полтронска послушност!
Трагедија е Али што велиш дека младите што заминуваат од државата не се патриоти, а уште поголема трагедија е што веруваш дека ти си патриот, а веќе две децении заедно со твоите ,,политички пријатели’’ од СДСМ-ДПМНЕ и нивите полтронски приврзоци ја уништувате Македонија и ги протеравте младите од државата!
Како ДЕМОКРАТИ ги повикуваме младите заедно да се бориме против политичките криминални партии и нивните манипуланти, профитери, криминалци и психопати за спас на Македонија!
ДЕМОКРАТИ: Без млади Македонија за жал нема иднина!
извор: ФБ демократи