Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни (над 25 l/m²) и проследени со појава на грмежи. Попладне ќе има услови локално процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пообилен дожд за кратко време, засилен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер.
ухмр