(ВИДЕО) Ајкула на 80 метри од брегот снимена во Грција

На Инстаграм се споделува уште едно видео од ајкула во Грција. Откако ајкулата беше снимена на околу три километри од брегот на Закинтос, на мрежите се појави уште едно видео наводно создадено во близина на грчкиот остров каде се наоѓа најубавата плажа во Европа.

„Ајкула е видена на друг остров во Грција. Островот Серифос, на 80 метри од брегот“, стои во описот на видеото од ајкулата на Инстаграм, кое е објавено на профилот „никана.гр“.

„Не изгледа многу убаво, но изгледа како сина ајкула. Инаку, сините ајкули ретко ги напаѓаат луѓето. Од 1580 до 2013 година, сината ајкула каснала само 13 пати, од кои четири завршиле со смрт, додека 10 до 20 милиони од овие ајкули се убиваат од луѓето секоја година, заканувајќи се да станат загрозен вид“, забележуваат експертите.

„Можеби се плашиме и загрозен ни е животот кога знаеме дека се таму, но реално тоа е нивното природно живеалиште, всушност нивниот дом“, се дел од коментарите.

 

reporter.mk