10-годишно девојче се удави во базен во Грција

10-годишно девојче се удавило во базен на одмор со родителите во Неа Макри, Грција.

Трагедијата се случила кога девојчето се нурнало во базенот за да ја извади маска за нуркање.

Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но девојчето не можело да се спаси.

Еден од лекарите кој се обидел да му помогне на девојчето рекол дека на детето му извадиле храна од устата додека се обидувале да му го спасат животот.

“Го најдов детето во несвест. Јас и татко ми, кој исто така е лекар, 20 минути се обидувавме да ја оживееме. Се обидовме и да ја извадиме содржината од нејзиниот стомак”, рекол тој.

Несреќата се случила нешто по 18 часот во дворот на станбениот комплекс каде девојчето си играло со својата другарка.

Во еден момент тоа останал само во базенот кога другото девојче на кратко отишло дома.

Кога останало само, девојчето се нурнало во базенот за да ја земе маската, но од непозната причина отишло на дното на базенот каде останало повеќе од три минути.

Управителот на комплексот за медиумите изјавил дека го слушнал другото девојче како вика помош и веднаш истрчал да ја спаси. Кога пристигнал, девојчето имало модринки по телото и тешко дишело. Двајца лекари кои живеат во тој станбен комплекс се обиделе да ја реанимираат, но безуспешно.

Во дворот била и мајката на девојчето која ги ставала работите во автомобилот. Тој ден требало да се вратат во Атина, каде што живеат, пишува Прототема.

Ден претходно, нејзиниот брат близнак и татко и се вратиле дома, додека таа останала кај мајка си.

Нејзината мајка веднаш повикала брза помош, која на местото на настанот пристигнала десет минути подоцна. Тие веднаш го пренеле девојчето во локалната болница во Неа Макра.

Според неофицијални информации, девојчето немало здравствени проблеми и иодлично пливало.

 

 

faktor.mk