(ФОТО) Запленети над 200 килограми режан тутун наменет за нелегална продажба, приведен скопјанец

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го привеле Е.А. (29) од Скопје, а во патничкото моторно возило „голф“ со скопски регистерски таблички, кое тој го управувал, пронајдени и одземени се над 200 килограми режан тутун, наменет за нелегална продажба. По целосно документирање на случајот, против Е.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор: МВР