На денешен датум (18-ти август) се одбележува Денот на АРМ. За роденден на АРМ е избран 18-ти август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот “Мирче Ацев”.
Процесот за формирање на современата македонска армија, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.
Во 1993, Собранието на Република Македонија ја верификува идејата за полноправно членство во НАТО, а на 15 ноември 1995 година станавме членка на иницијативата „Партнерство за мир” по што во март следната година бевме примени во Северноатлантскиот совет за соработка.
На 7 јуни 1995 година на Воената академија започна образованието на кадри за одбраната на државата.
Фото: Архива