Пецаков: Обезбедени подобри услови за учениците во подрачниот објект на ООУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј

0
107

Обезбедивме подобри услови за учениците во подрачниот објект на ООУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј. Со средства од буџетот на Oпштина Охрид извршено е комплетно уредување на влезот во училиштето, поставена е пристапна рампа за лица со посебни потреби и извршена е реконструкција на училишните тоалети.
Продолжуваме во континуитет да инвестираме во образовните институции и да ги осовременуваме условите за настава, пишува градоначалникот Кирил Пецаков, во својата објава.