МКД.МК: Македонските граѓани се песимисти, владее корупција, растат цените, стандардот паѓа…

Две третини од македонските граѓани сметаат дека Македонија се движи во негативна насока. Бројот на испитаниците кои сметаат дека земјата се движи во позитивна насока е речиси двојно намален, од 14,2 отсто во јуни на 7,7 % во септември 2023.

Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 15 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

с

Приближно половина или 49,5% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во државата е состојбата во економијата и намалената стопанска активност.

с

Нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата е најчесто посочуван проблем, одговор кој го дале дури 27,6% од испитаниците.

с

Најголем дел или 85,3% од испитаниците сметаат дека корупцијата во земјата расте, односно дека е повисока во однос на лани.

с

Над 90% од испитаниците сметаат дека цените на производите и понатаму растат. Во исто време 42,3% од испитаниците очекуваат во следните шест месеци нивниот животен стандард да се влоши, односно речиси 80% од испитаниците не очекуваат подобрувања во делот на економијата во следните 6 месеци.

с

Анкетирањето беше спроведено од 18 до 25 септември 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%..

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

 

извор: МКД.мк.