Македонска докторка направи големо, несебично, хумано и човечко дело кое заслужува само пофалби.
Младата лекарка донираше матични клетки за да му го спаси животот на пациент кој боледува од акутна леукемија. Веста беше објавена од Министерството за здравство.
„На Клиниката за хематологија се реализираше значаен чин на храбост и човекољубие, кога млад лекар донираше хематопоетски матични клетки со кој спасува живот на пациент кој се соочува со тешка малигна хематолошка болест. Трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција.“
„По тој повод, министерот за здравство д-р Фатмир Меџити ја посети докторката, донор на матични клетки, на која и се заблагодари за храброста и несебична посветеност да спаси туѓ живот“ – пишува во описот на фотографиите.
femina.mk