СДС продолжува да се однесува незрело и неодговорно за крупни прашања за државата, но сепак благодариме за разбирањето кое го имаат за агендата на претседателот Мицкоски, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Очекуваме да го потврдат Собранието како место за лидерската средба и форматот. Очекуваме сериозни одлуки на лидерската средба и нема да го коментираме лошиот и неинвентивен смисол на хумор на Центарот за комуникации на СДС кој сепак не ја покрива потребата Ковачевски да биде концентрирано присутен еден час на лидерска средба.
Народот од нас очекува одлуки, а не расправи во стилот „теткински озборувања на пазар“ или веселби на вински фестивали кои траат по неколку денови чиј љубител е токму лидерот на СДС.
извор: ВМРО ДПМНЕ