Малата Анабела Блажеска е родена во 26 гестациска недела со тежина од само 600 грама.
По 129 дена поминати во Клиниката за гинекологија денеска таа си замина за Охрид во прегратките на мама, тато и на дада.
Заедно со докторите и со медицинските сестри успешно ги помина сите препреки кои пред неа ги стави животот и дома си замина со тежина од 2080 грама. Нејзината силна борба беше мотивација за целиот персонал да верува дека чудата постојат и овој голем борец им одржа лекција на сите возрасни што значи вистинска борба за живот, без да потклекнеш. Расти Анабела во многу љубов, здравје и среќа. Биди им гордост на твоите родители, објавија од ГАК.