Голема акција на полицијата во Албанија: уапсени повеќе од 200 луѓе поради производство и продажба на дрога

Акцијата е изведена во текот на ноќта на територијата на цела Албанија, а издадени се повеќе од 300 налози за апсење, пренесува Јуроњуз Албанија.

Како што е наведено, вршени се контроли на возила, станови и други простори во Корча и Малич.

Полицијата сè уште не се огласила околу големата акција, наведува Јуроњуз Албанија.