По повод роденденот на големата македонска музичка ѕвезда Војо Стојаоноски, внукот Влатко Миладиноски сподели фотографија од возилото на својот вујко. Како што појаснува Влатко, возилото марка „Мерцедес“ кое припаѓало на неговиот вујко е реставрирано и сега е во негова сопственост, се со една цел, да го потсетува на вујкото Војо.
Во објавата Влатко напиша:
-2 Февруари…
Роденденот на
Војо Стојаноски!!!
Денеска споделувам фотографија од еден емотивен автомобилски примерок, кој што му припаѓаше на мојот вујко..
Реставриран,со надеж дека долго ќе го чувам за дополнително да не потсетува на него!
Слава му!!
-напиша во својата објава на социјалните мрежи фолк пејачот Влатко Миладиноски.
fb