Од утре вечер доаѓа влажна воздушна маса од Медитеранот, се очекуваат поголеми локални врнежи од дожд

Натпросечното топло време за овој период од годината продолжува и во следните денови, но со тоа што од утрешнта ноќ, па во деновите потоа ќе бидеме под влијание на Медитерански влажен бран, и тој повремено ќе ни условува врнежи од дожд, локално пообилни и се очекува да наврнат над 20 литри дожд на метар крадратен (особено во западната половина од државава).

Мора да напоменеме дека снег ќе врне само на највисоките планински места во северозападна Македонија (поточно на највисоките предели на Шар Планина), пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.