Во Русија денеска почнаа претседателските избори кои ќе траат до 17 март, на кои актуелниот претседател Владимир Путин се кандидира за петти мандат.
Ова се први претседателски избори на кои гласаат жителите на четирите украински региони – регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон, кои беа анектирани од Русија во септември 2022 година.
Според законот за избори за претседател на Руската Федерација, граѓаните на Русија можат да учествуваат на претседателските избори како независни кандидати или како кандидати на политички партии, а за да се пријават за учество на изборите треба да достават соодветна документација до Централната изборна комисија.
Анкетите и истражувањата на јавното мислење објавени од руските државни медиуми покажуваат дека Путин ужива поддршка од околу 80 отсто од граѓаните, што е повеќе отколку пред почетокот на војната во Украина.
Неговата кандидатура за петтиот мандат беше овозможена откако Државната Дума ги усвои амандманите на Уставот во 2021 година според кои, меѓу другото, ограничувањето на бројот на мандати во кои едно лице може да биде претседател на Русија се однесува на актуелниот лидер на земјата, без да се земат предвид неговите претходни претседателски мандати.
telegraf.rs