Куќата во која живее претседателскиот кандидат Бујар Османи беше дивоградба, а јас како градоначалник му ја легализирав, изјави лидерот на Демократско Движење Изет Меџити кој кажа и што направиле Артан Груи и браќата.
„Вечерва за прв пат ви кажувам дека кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, а јас како градоначалник на Чаир му ја легализирав нему како и на многу други граѓани. Османи наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за м2, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво“, изјави Меџити во интервју за ТВ21.
„Артан Груби и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани“, рече Меџити за високиот функционер и најблизок соработник на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.