Во Битола канонизирана светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска

Свеченото вбројување на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска во диптихот на светителите и исповедниците, започна вчера во манастирот „Св. Јован Претеча“, Слепче, Демирхисарско, каде што беше отслужена Вечерна богослужба.

Утрово во соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“, во Битола отслужена утрена богослужба, а потоа  и Света архијерејска литургија, на која беше објавена одлуката на САС на МПЦ-ОА, за впишување на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска во списокот на Светите.

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на својата редовна седница во работен состав, одржана на 11 април 2024 година, по предлог на Синодската комисијата за канонизирање на светии, донесе  одлука да ја вброи преподобно-маченичката Стефанида Битолска во диптихот на светителите и исповедниците.

Моштите на света Стефанида се наоѓаат во манастирот „Св. Јован Претеча“, Слепче, а сестринството на овој манастир ја наслика иконата на оваа новопројавена Божја угодничка и го состави нејзиното житие.

На Канонизацијата на Светата преподобномаченичка Стефанида присуствуваат високи црковнодостојници на МПЦ-ОА и на СПЦ, архиепископот г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј, свештенослужители, како и на голем број високи црковни делегации од странство, монаштво и верен народ.

 

 

tera.mk