Андријана Јаневска во Пустец ја промовира книгата со македонските песни кои девет години ги собирала таму!

„Народното творештво претставува еден од најзначајните сегменти во севкупниот материјално-духовен идентитет на македонскиот народ“ – напиша Андријана Јаневска до фотографиите од промоцијата на книгата во која се собрани народните песни од Македонците во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора.

Нашата пејачка и сопственичка на училиште по естрадно соло пеење, Андријана Јаневска, неодамна стана доктор на науки, а деновиве се упати во Корча, Албанија каде ја промовираше нејзината најнова книга, посветена токму на Македонците од овој регион.

Веќе е познато дека Андријана 9 години напорно работела за да заштити над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, a викендов пред Македонците во Албанија ја промовираше книгата во која е собран нејзиниот труд.

Книгата е насловена „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“, а беше промовирана во музејот Стерјо Спасе.

 

infomax.mk