Нискобуџетната авио компанија Wizz Air ќе ги крати летовите во сите земји на поранешната Југославија пишува порталот EX-YU aviation news.
„Виз Ер“ планира целосно да се повлече од линиите за Луксембург, а помалку седишта ќе обезбеди и за линиите од и кон Бугарија, Норвешка, Романија, Грција, Кипар, Шведска, Литванија, Исланд, Полска, Холандија, Франција, Германија, Латвија и Малта.
Најмногу кратење ќе има во Македонија каде „Виз Ер“ ја има најголемата база во поранешна Југославија. Капацитетот ќе биде намален за 22,6% во 2023 година или 125.726 седишта помалку од минатата година. А, пак, во Охрид, бројот на слободни места ќе се намали за 32,6% или 17.858.
Во Белград, исто така ќе се намалува капацитетот за 27,6%, бришејќи 148.292 седишта од пазарот, додека во Ниш ќе има 36.316 помалку места или намалување од 57,2% во однос на 2023 година . Ова резултира со отстранување на 9.366 места од пазарот.
Во Подгорица , „Виз Ер“ го намалува капацитетот за 7,3% или 5.452 седишта. И Љубљана ќе биде со една линија помалку од минатата година, превозникот ќе има 44,9% помал капацитет на словенечкиот пазар или 11.756 седишта помалку.
Единствениот пазар во поранешна Југославија каде „Виз Ер“ ќе го зголеми трендот е Босна и Херцеговина. Со повеќе летови на постојната линија меѓу Лутон и Сараево , како и со започнувањето на летови меѓу Рим и Сараево, капацитетот ќе порасне за 183,3%, со дополнителни 22.908 седишта. Од друга страна, расположливиот капацитет на операциите во Тузла ќе се намали за 3,6% во текот на четвртиот квартал со 1.812 места помалку. Промените за гореспоменатото остануваат можни, бидејќи буџетскиот превозник продолжува да го менува распоредот врз основа на достапноста на авионите.
Причината за сето ова е поради инспекците на моторите кои приземјија значителен дел од нејзината флота, што резултираше со големи прекини низ нејзината мрежа.
skopjeinfo.mk