ДЕН 2-OHRID WATER FESTIVAL 2024

Се одржа 23-та ICF-Меѓународна Илинденска регата во кајак-кану на мирни води „Охрид 2024“, која ја организира охридскиот клуб „Стрмец“. Покрај домашните екипи, на регатата учествуваат и екипи од Полска, Грција и Србија. Учесниците беа поделени во машка и женска категорија и во неколку натпреварувачки дисциплини.
🛶
Во организација на веслачкиот клуб „Горица Ремо“ од Охрид во водите на Охридското Езеро се одржа и Меѓународната охридска веслачка регата. На настанот учествуваа вкупно 48 натпреварувачи од веслачки клубови од Србија, Бугарија, Хрватска и Македонија.
🏅
Пред Старото пристаниште во Охрид се одржа забавен натпревар на вода „Ред бул-Педалинка“. На трката учествуваа 16 екипи кои имаа по четворица натпреварувачи. Поради забавниот карактер на натпреварот учесниците носеа креативни маски. Настанот беше надополнет со музичка програма наменета за публиката.
✅
Утре на програмата се настаните:
➡️
Акватлон
➡️
Табланет под вода
➡️
Вториот дел од Meѓународниот Ревијален Ватерполо турнир 2024, пишува градоначалникот Пецаков.