Состојбата на повредените во сообраќајката во Нови Сад е многу сериозна

„Состојбата на повредените во сообраќајката во Нови Сад е многу сериозна“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и изјави дека вчера во врска со несреќата биле сослушани 26 лица, а денеска ќе бидат сослушани уште пет лица.

„Само тројца од 17-те кои беа под настрешницата преживеаја и повредите им се тешки, на еден од нив, маж роден 2006 година, му беа ампутирани нозете до глуждовите, на девојка родена 2000 или 2001 година ѝ беа ампутирани нозете, додека на третото лице во Ургентниот центар, му е ампутирана рака“, изјави тој за РТС.

Тој посочи дека ќе биде утврдена кривична и политичка одговорност за виновниците за несреќата и наведе дека вчера по наредба на обвинител во Новосадската полициска управа на распит биле 26 лица, меѓу другите и лица од Министерството за транспорт предводено од министерот Весиќ, но дека никој не е приведен затоа што само собираат информации.

Тој додаде дека истрагата продолжува и дека денеска ќе бидат сослушани уште пет лица.

 

извор: РТС.