Откажан концертот на руски романси во Национална опера и балет „поради ситуацијата“

Откажан е концертот на руски романси, закажан за вечерва во Национална опера и балет „поради ситуацијата“, потврдија од НОБ за САКАМДАКАЖАМ.МК.

„На концертот со руски романси требаше да настапат студенти од Факултетот за музичка уметност, а со години традиционално го организира Елена Сиљаноска од Здружението на руски сонародници ‘Чајка’ која е и вработена кај нас како корепетитор. Поради ситуацијата, со неа одлучивме да го откажеме концертот“, ни изјави генералниот директор на НОБ, Васко Ристов.

Концертот на руски романси во Национална опера и балет е дел од активностите на Здружение на руски сонародници „Чајка“, кое веќе 8 години учествува во меѓународниот проект „Романсиада“ (Русија) и праќа млади македонски пејачи на натпреварот во Москва.

извор: САКАМДАКАЖАМ.МК.