Претседателот на Турција, Ердоган, се состана со Мицотакис, премиерот на Грција

0
577

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се состана со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, известува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот Ердоган во резиденцијата „Вахдетин“ во Истанбул приреди свечен ручек за премиерот на Грција.

Ручекот, што беше затворен за новинарите, започна во 14 часот по локално време, односно 12 часот по средноевропско.

извор: Агенција Анадолија (АА).