Во МВР исплатена бонус плата од 28.718 денари за 2021 година

Денеска, (29.03.2022) на 5.897 вработени во МВР, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2021 година, ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 28.718 денари (463 евра).

За оваа намена од Буџетот на МВР издвоени се 188.167.373 денари, средства коишто се обезбедени со домаќинско и планско работење. Досега, вклучувајќи ја и бонус платата за 2021 година, исплатени се пет бонус плати со вкупна вредност од 561.773.133 денари односно 9.060.857 евра.

Откако за првпат во 2019 година беше исплатена бонус плата во МВР, во претходниот мандат на министерот Оливер Спасовски, Министерството за внатрешни работи продолжи со обезбедување средства за исплата на бонус плата и за 2020 година, но и за 2017 и 2018 година и истите се исплатени на вработените во МВР, коишто овие средства веќе нема да ги бараат преку суд, со што Министерството нема да се изложува на непотребни судски трошоци по тужбите на вработените.

МВР