СДСМ да не се обидува да го попречува правото на штрајк, наместо закани да ги исполни барањата на наставниците. Синдикатите имаат право на штрајк, а наставниците и вработените во градинките право да бараат тоа што со закон им следува. Платите во образованието треба да се усогласат со Колективниот договор, и на нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места според растот на минималната плата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:
Барањата на синдикатите не се нереални, туку сето тоа ги следува и власта наместо да ги игнорира и да го попречува штрајкот, да ги реализира нивните барања.
ВМРО-ДПМНЕ одамна излезе со пресметка дека покачување е можно, и дека е потребно усогласување на платите согласно Колективниот договор.
СДСМ не сака да им даде поголеми плати на наставниците, за да има повеќе за матни тендери и договори во милионски суми за функционерите како Ден Дончев, Рашковски, Зекири, Филипче, Ковачевски, и сите други.
Пари за поголеми плати има, само треба да престане да се крадат.