Стотина наставници се собраа пред седиштето на Синдикатот за образование, наука и култура барајќи штрајкот да не биде прекинат. Не сакаат официјално да зборуваат пред камерите, но зад неа велат дека 12 процентното покaчување на платите за нив е неприфатливо. Скандираат “Уа Јаким” и бараат средба со раководството на синдикатот, објави Сител.
Вчера СОНК доби нова понуда за зголемување на платите од 12 отсто. Во 16 часот Советот на Синдикатот ќе одлучува дали ќе ја прифати понудата на Владата и дали од утре децата и учениците ќе се вратат во школите и градинките.
извор: Сител.