СДК: Директорот на ЈСП „Скопје“поднесе оставка од функцијата

Директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски си поднесе оставка од функцијата, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Илиевски кој е на функцијата в.д. директор само 5 месеци вчера ја доставил својата оставка до градоначалничката Данела Арсовска.

Илиевски вчера не сакаше да одговори на нашето прашање дали и зошто поднел оставка. Денеска не одговараше на нашите повици, ниту на вибер пораки, објави САКАМДАКАЖАМ.

Одговор не добивме ниту од неговата ПР-служба ниту од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска.

Како што дознаваме во претпријатието од утрово веќе се споменуваат имиња за тоа кој ќе биде нов директот на местото на Илиевски.

Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ