Ова е Закон за финансиска стабилност и ова е една од ретките примери на закони кои што заслужуваат да го носат европското знаменце. Во оваа институција во која што нема ништо заедничко со европски култури и манири, освен само лепење на европско знаменце на закони кои што се лепат на закони кои треба да поминат за политичките елити да генерираат профит, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница.
Иако во Собранието европското знаменце се злоупотребува за политичките елити на власт да генерираат профит, сепак додава Стојаноски, има ретки примери како што е примерот со Законот за финансиска стабилност кој што и те како е неопходен да се донесе по брза постапка затоа што економската состојба во државата е многу лоша и дека таа е една од главните столбови за кои ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори.
„Ете имале и таква можност, еден редок закон кој што треба да го носи епитетот на европско знаменце за да може да се воспостават економски стандарди во државата и за кој што, доколку внимателно го прочитате законот ќе сфатите зошто економијата е една од главните столбови за кои што ние бараме предвремени избори и за кои што се одлучивме за активна блокада на Собранието“, вели Стојаноски.
Додава дека со овој Закон за финансиска стабилност треба да се даде економска рамка во која што треба да се движи македонската Влада, затоа што не можеме да се зборува за финансиска стабилност а на секои две недели власта да се задолжува.
„Овој Закон за финансиска стабилност треба да даде рамка економска во која што ќе се движи Владата а за која што можеме да видиме од моментот кога ќе биде изгласан за пет или за шест дена можеби за недела до две истиот закон ќе биде прекршен и нормално за тоа нема никој да одговара во оваа држава затоа што не можеме ние да зборуваме за финансиска стабилност, а да се задолжуваме на секои две недели“, истакна Стојаноски со собраниската говорница, образложувајќи ги поднесените предлог измени на Законот за финансиска стабилност.