ДОМ одлучи: Не го поддржуваме францускиот предлог

0
365

На вечерашната седница, Централниот одбор на Зелената партија ДОМ донел одлука дека нема да го поддржи т.н. француски предлог за започнување преговори со ЕУ.

-ДОМ останува доследен на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми не треба да бидат дел од преговарачкиот процес. Исто така, ДОМ останува доследен на остварување на стратешката цел – членство во ЕУ согласно европските и зелените вредности. Централниот одбор заклучи дека во изминатиот период Зелената партија имаше одговорен и конструктивен пристап кој треба да продолжи и во иднина. ДОМ е особено загрижен поради длабоката поларизација во македонското општество и активно ќе работи во функција на нејзино надминување – велат од партијата.

извор: ДОМ