Новак Ѓоковиќ пристигна на одмор во Дубровник по победата на Вимблдон.
Фотографите го фотографираа тенисерот како се шета низ градот, а придружуван од неговиот помлад брат Ѓорѓе. Новак расположен позираше со минувачите. За прошетка низ град избра сина кошула која ја искомбинира со сиви панталони.
Новак посети и ресторан на островот Шипан, каде позираше со персоналот. Претходно тој напомена дека смета дека јадранскиот брег е најубав на светот и особено ги пофали островите околу Дубровник. Не се знае дали со него пристигнале и сопругата Јелена и децата.
Инаку, пред една недела тенисерот ги отвори тениските терени во Археолошкиот парк Равне 2 во Високо, а по трите натпревари против Алдин Шеткиќ, Аљаж Бедене и Иван Додиг се фрли на танцување.
Вниманието го привлече откако прво танцуваше танго со светската шампионка Валентина Вавра, а потоа пееше со Горан Каран и Милица Тодоровиќ кои ја забавуваа публиката. Ѓоковиќ ја замолил Милица да му ја пее Цесарица, па и тој и се придружил во песната.
index.hr