(Видео) Патнички авион се запалил во текот на летот

Патнички авион на компанијата „Viva Aerobus“, кој летал од Гвадалахара кон Лос Анџелес, морал да се врати на аеродромот откако му се запалил едниот мотор.

Патниците слушнале силна експлозија само неколку минути по полетувањето, а после тоа виделе искри и оган кои го зафатиле десниот мотор на авионот „Airbus A320“.

Исплашените патници го известиле екипажот, а пилотите веднаш го завртеле авионот и се вратиле на аеродромот.

Снимката од инцидентот прикажува мотор во пламен додека авионот летал ниско и над населено подрачје.

Во авионот имало 186 патници и членови на екипажот. Проблемот со моторот предизвикал паника меѓу патници, а некои плачеле и врескале, додека други се молеле.

„Viva Aerobus“ е нискобуџетна авиокомпанија, а на патниците кои доживеале голема непријатност им бил обезбеден нов лет.

ВИДЕО

 

tocka.com.mk