Ковачевски: Не се очекува бегалски бран од Русија бидејќи Македонија нема директни летови со Москва

Не се очекува бегалски бран од Русија, изјави премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање, со оглед на тоа, како што кажа, што ние немаме конекција со Москва, како што имаат некои други држави.

На прашањето, пак, доколку има руски бегалци, дали ќе го имаат истиот третман како украинските, тој кажа дека Украинците имаат третман согласно со меѓународните организации во кои ние сме членки за згрижуавање на бегалци од војна.

– Ние ги донесовме сите потребни одлуки во однос на постојано згрижување или згрижување во транзит бидејќи дел доаѓаат и потоа заминуваат во други земји. Тоа е нивниот третман, а вашето прашање е насочено сосема на нешто друго. Тие одат во земји каде што имаат директни летови. Кај нас нема директни летови, одговори Ковачевски по настанот за презентација на Проект за поврзување на локалните патишта.

Премиерот на прашањето дали се размислува за укинување на визите за граѓаните на Русија, вели дека нема таков предлог во моментов.

фото: Архива