„Само да се множиме“- се огласи Цеца по веста за второт внуче, ќе се вика Крстан

0
284

Семејството Ражнатовиќ за шест месеци ќе биде побогато за уште еден член…

Богдана Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг, боксерот Вељко Ражнатовиќ неодамна дознаа дека ќе добијат уште еден наследник. Среќните вести ги споделија со следбениците на Инстаграм, а двојката веќе одлучи дека нивниот втор син ќе се вика Крстан.

Сопругата на Вељко е во третиот месец од бременоста, а за неколку месеци семејството Ражнатовиќ ќе стане побогато за уште еден член. Семејството на Светлана Цеца Ражнатовиќ не го крие возбудувањето што ќе добие уште член.

„Само да се множиме“ – кажа Цеца на почетокот, па се насочи кон родителството на синот и снаата.

„Вељко е правичен. Ова го кажувам од родителски агол. Ја поддржувам тезата дека детето мора да се насочува. Вие не можете да разговарате исто со дете од две години, како што можете со дете од 9 или 12 години. Потполно е поинаква состојбата на свест и зрелост на детето. На детето мора да му објаснувате сѐ, од тоа дека не смее да ги става рацете во штекер или да трча по скали… Мислам дека Вељко и Богдана имаат апсолутно здрав пристап кога е растењето на детето во прашање“ – кажа Ражнатовиќ.

 

hashtag.mk