(ВИДЕО) Обилните врнежи предизвикаа поплави на грчкиот остров Крф во Јонското Море

Поради поплавите, затворен е дел од главниот пат кој води кон Месонги на источниот брег на островот, а пожарникарите ги расчистуваат паднатите дрвја и карпите на автопатот што ги поврзува Крф и Лефкими.

Во Лефкими на истокот од островот поплавени се локалниот здравствен дом и училиште, пренесува Катимерини.

Според прогнозата на грчките метеоролози, денеска се очекува нестабилно време и на останатите острови во Јонското Море, а циклонот во текот на денот треба да се движи кон западот на земјата.
vesnik.com