Вечерва во Штип започна 37. издание на еден од најреномираните фестивали во македонската музичка историја „Макфест“ 2022.
На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“, вечерва се одржува првата фестивалска вечер посветена на младите ѕвезди.
Ова издание на фестивалот ќе биде различно по многу работи. Втората вечер ќе биде ревијална, нема да има победници.
Новина е што фестивалот ќе го водат дури пет водители. Двајца главни водители ќе бидат Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, додека, пак, во улога на презентери-ѕвезди ќе бидат Лила Филиповска, Миланка Рашиќ, Јана Бурчевска и познатиот ракометар Борко Ристовски.
Ристовски добро се снајде во улога на водител но гледачите забележаа еден момент. Имено Борко најверојатно брзајќи да се подготви за улогата водител не успеал добро да се закопча, или пак познатиот ракометар многу подобро се чувствува во тренерки отколку во фармерки.
View this post on Instagram
извор NEWS1.mk