Чисто езеро не би имале без бројните акции на нуркачите за чистење на езерското дно. Тие неуморно го промовираат градов како атрактивен туристички центар во зима со китење на подводната новогодишна елка, а се дел и од организацијата на богојавленската манифестација за што искрено им сум благодарен. Тие сте тие кои учествуваат и несебично се вложуваат во секоја акција за спасување животи независно дали е кај нас во друг град или во соседството. Она што го прават е значајно и вредно за сите нас.
Шеесетина нуркачи зедоа учество на првиот Конгрес на нуркачи кој што е во организација на Kлубот за подводни дејности „Охрид“, стои во објавата на градоначалникот Пецаков.